Вучиќ: Никој ми нема кажано дека постои идеја за размена на 17 српски села во Косово

Тој оцени дека нема проблем со тезата дека косовското прашање не може да се реши со промена на границите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на прес-конференција во Палатата на Србија, изјави дека „никогаш во неговиот живот” никој не му кажал дека постои идеја за размена на 17 српски села во Косово за Прешево, Бујановац и Медвеѓа и дека таквите работи никогаш не ги коментирал, затоа што за нив слушал само во медиумите, јави дописникот на МИА од Белград.

– Јас не одговарам на тие идеи затоа што е сосема бесмислено. Кога ќе ја погледнете Медвеѓа, само може да се насмеете, затоа што во Медвеѓа живеат 6,6 проценти Албанци. И што е спорот со Бујановац и Прешево? Не го забележав. Во Бујановац живеат 42 отсто Срби, јас не разбирам за што станува збор? Какви 17 села, па ние на северот имаме четири српски општини и уште шест непризнаени мнозински општини – рече Вучиќ.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ: Прашањата кои ги тиштат припадниците на АРМ вешто се избегнуваат

Тој оцени дека нема проблем со тезата дека косовското прашање не може да се реши со промена на границите.

– Еве и ние исто така имаме наши граници и според Уставот на Србија и според Резолуцијата 1244. И да видам што ќе правите сега – додаде Вучиќ.

Тој рече дека на средбата со амбасадорите на Квинта, неодамна ги прашал што тие гледаат како вистинско решение за косовскиот проблем, освен „празни приказни кои им ги продаваат на весниците”.

– Сè уште не добив одговор на тоа. Јас насетувам што би можело тоа да биде. И ако тоа е она што го насетувам, мојот одговор ќе биде:„ Не! “, – стакна Вучиќ.

Прочитајте и...  Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

Тој порача дека се плаши од тоа што многумина сметаат дека решението на проблемот на Балканот е исклучиво во понижувањето на Србија и дека тоа не е можно затоа што проблемот само ќе се зголеми доколку продолжи да се создава нерамнотежа во регионот.

– Сè на Балканот мора да биде плод на компромис, а победи може да се бараат само во економијата, а не во териториите и протерувањето на другите – рече Вучиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави и дека европските земји се повеќе се занимаваат со дискусијата на Белград и Приштина и додаде дека „големите” си даваат за себе право дека сè е нивни интерес и дека „ имаат право да прават се што можат”.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ: Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот

Прочитај повеќе

Чулев: МВР ќе обелодени истраги против носители на јавни функции кои го злоупотребиле системот

Слободен печат

Во Шпанија оддадена почест за жртвите на коронавирусот

Слободен печат

Акциите на Рено пораснаа за речиси 15 отсто, по владината поддршка и новиот план

МИА Агенција

Франција ги повикува членките на ЕУ да го поддржат „историскиот” план за закрепнување на ЕУ

МИА Агенција

Меркел: И натаму сме на почетокот на пандемијата

Слободен печат

Управните служби на МВР со ново работно време во пресрет на годишните одмори

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тропската бура Берта се формираше покрај брегот на Јужна Каролина

Слободен печат

Захариева: Од 15 јуни нормално движење во ЕУ и соседните држави

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Прашањата кои ги тиштат припадниците на АРМ вешто се избегнуваат

Слободен печат

Почнува изградбата на фекална канализација во село Усје

Слободен печат

Во тек реконструкцијата на градинката „Мајски цвет”

По два дена, еден новозаболен во Прилеп, од утре скрининг на вработените во градинките

Слободен печат