Школки кои формираат броеви „86 47“ биле закана за Трамп — второ обвинение против поранешниот директор на ФБИ
Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, повторно е обвинет, овој пат поради тоа што објавил фотографија од бројки направени од школки, за кои претставници на Министерството за правда тврдат дека претставуваат закана за претседателот Доналд Трамп, потврдиле три извори за Си-ен-ен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ова е втор обид на администрацијата на сегашниот шеф на Белата куќа да гони еден од неговите најголеми политички противници.
Трамп долго време инсистираше неговите политички противници да се соочат со обвиненија, вклучувајќи го и поранешниот директор на ФБИ кого го смета за клучна фигура во наводниот обид за „злоупотреба“ на правосудниот систем против него.
Минатиот мај, Коми објави на социјалните мрежи фотографија од школки на плажа кои ги формираат броевите „86 47“, за кои критичарите тврдеа дека се однесуваат на отстранување или на атентат врз Трамп.
Терминот „86“ е вообичаен ресторански и разговорен сленг што значи да се исфрли, откаже или ослободи од нешто, а Трамп е 47-миот претседател на САД.
Коми под фотографијата напиша:
„Интересна формација на школки при одење на плажа“.
Речиси веднаш по објавата, републиканците и претставниците на администрацијата остро го критикуваа Коми, а тогашната секретарка за внатрешна безбедност Кристи Ноем објави дека Коми ќе биде испитан од Тајната служба за она што таа го нарече „атентат“ врз Трамп.
Тајната служба го повикала Коми на едночасовно интервју со агенти во Вашингтон, невообичаен потег за агенцијата во услови на неодредена закана. Коми им кажал на истражителите дека ги видел школките на плажа во Северна Каролина.
Коми ја отстрани објавата истиот ден, пишувајќи на социјалните мрежи дека не претпоставил дека школките претставуваат „политичка порака“ и дека „не сфатил дека некои луѓе ги поврзуваат тие броеви со насилство“.
„Никогаш не ми падна на памет, но јас сум против насилство во која било форма, па затоа ја отстранив објавата“, напиша тој.
Во септември минатата година, Министерството за правда прво поднесе обвинение против Коми, обвинувајќи го дека лажел пред Конгресот за протекување информации до печатот. Случајот беше отфрлен кон крајот на минатата година од федерален судија.
Поранешниот директор ја изгуби наклонетоста на Трамп пред да биде првпат избран за претседател, бидејќи агенцијата на Коми ја истражуваше кампањата на Трамп и врските со Русија. Коми беше отпуштен во месеците по неговата инаугурација.
Откако беше разрешен, Коми стана жесток критичар на Трамп и клучен непријател на републиканците во Белата куќа и на Капитол Хил.
Reports are surfacing that the Trump DOJ has indicted former FBI Director James Comey over his social media post featuring seashells forming the number “8647.”
The term “86” is common restaurant and colloquial slang meaning to eject, cancel, or get rid of something—as in, “Let’s… pic.twitter.com/a23EZOzoaY
— MeidasTouch (@MeidasTouch) April 28, 2026


