ВО ЖИВО финалната борба во Токио: Македонија на нозе, Георгиевски се бори за златниот медал

27 јули 2021 / Токио, Јапонија / Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO
Сите со нетрпение го очекуваме финалето (14.45 часот) на таеквондо олимпискиот турнир во Токио во кое Дејан Георгиевски ќе ги одмери силите против Русинот Владислав Ларин.

Во категоријата над 80 кг. македонскиот таеквондист забележа три победи против светскиот шампион Рафаел Алба (11:8), па славеше над Сејду Гбане (Брегот на Слоновата коска) со 9:4, а во полуфиналето и Кореецот Ин Кјо-дон од Кореја со 12:6.

Останува да видиме дали Георгиевски ќе се закити со злато или сребро, како податок тоа останува тоа ќе биде вториот медал на ЛОИ во историјата на Македонија.

Првиот медал го освои борачот Могамед Ибрагимов на Летните олимписки игри во 2000 година во Сиднеј, Австралија.

Финалната борба во живо можете да ја гледате ТУКА, а исто така се организира и заедничко гледање на финалето во холот на ОУ св Климент Охридски Бутел, местото каде што ТКД Бутел и Деки започнаа со оваа магија.

Трстена: Георгиевски е нашиот шампион, се бори со големо срце до последната секунда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот