ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија владее медиумски мрак, Заев и власта се закануваат и шиканираат новинари

Во Македонија владее медиумски мрак, Заев и власта се закануваат и шиканираат новинари потврди и „Репортери без граници”.

Не е возможно да се објави вест или истражи скандал, а без потоа новинарот односно медиумот да не биде мета на напад на голем број на партиски ботови на социјалните мрежи, со закани и за неговиот живот и животот на неговото семејство. Постои сомнеж дека истите се платени и со државни пари, односно одат на работа во владата.

Власта оди до таму што поткренува и судски случаи против новинари и ги малтретира по судови, такви се случаите со уредниците на Инфомакс и Лидер, кои завршија во ЈО затоа што се охрабриле да истражуваат криминал на власта.

Но заканите, притисоците и насилието на власта не останува незабележано од меѓународниот фактор и меѓународните организации. Извештајот на „Репортери без граници” во кој констатираат пад на медиумската слобода е доказ дека насилието се следи и нема да помине.

Медиумите кои се на мета на оваа власта, треба да продолжат непристрасно и професионално да си ја вршат својата професија, зошто само така овој хибриден режим ќе падне, а слободата повторно ќе биде право, а не привилегија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Репортери без граници: Високи владини претставници продолжуваат да им се закануваат на новинари и да навредуваат медиуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот