15 C
Скопје

Репортери без граници: Високи владини претставници продолжуваат да им се закануваат на новинари и да навредуваат медиуми

Последниот извештај на Репортери без граници за сите земји во светот е објавен денеска, Северна Македонија бележи подобрување од две места во глобалниот индекс, но се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Организацијата за слобода на медиумите и заштита на новинарите во светот нагласува дека ситуацијата со медиумите се влошува во сѐ повеќе земји во светот и дека пандемијата од ковид-19 се злоупотреби за да се ограничи работата на новинарите.

Најдобро котирана останува Норвешка петта година по ред, следуваат Финска, Данска и Шведска. На дното се Северна Кореа на 179-то место, потоа Туркменистан и Кина.

Северна Македонија од 92 се искачи на 90-то место во глобалниот индекс, но описот на состојбата е критичен за 2020 година, а земјата е полошо пласирана од Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, но подобро од Србија, Црна Гора и Бугарија.

Како поради пандемијата така и поради парламентарните избори.

– Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми, а сајбер вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми. Сето ова послужи да се засили добро вкоренетата култура на неказнивост, пишува Репортери без граници за состојбата со слободата на медиумите во Северна Македонија во 2020.

Организацијата забележува и дека пандемијата, како на многу други места во светот, ја усложни работата на новинарите на терен.

– Медиумските организации силно се противеа на разните предложени амандмани за законот за аудиовизуелни медиуми кои би овозможиле државно рекламирање во медиумите. Тие се противат на ова врз основа на фактот што тоа ќе охрабри клиентелизам, стои во освртот на Репортери без граници за Северна Македонија.

Според невладината организација, промените во кривичниот законик кои ги подготвува Министерството за правда би требало да донесат поголема заштита за новинарите во државата.

Поврзани вести

Нова скандалозна порно-група со слики и видеа: На Телеграм се појави „Перверзии на Балканот“

Слободен печат

Лајчак: Несомнено за Косово, успех во дијалогот значи да се стане земја кандидат за ЕУ

Слободен печат

Германија, Шпанија и Франција заедно ќе развијат нов борбен авион

Слободен печат

Регионален ковид-19 пресек: Мал пад на бројот на нови инфекции

Слободен печат

Бугарски брачен пар заврши зад решетки во Германија: Продавале новороденчиња во Грција

Слободен печат

Маск: Старлник услугата ја нарачаа половина милион луѓе

Слободен печат

Остави Коментар