Хезболах објави снимки за кои тврди дека покажува напад врз израелски воен конвој

Либанската милитантна група Хезболах објави видео на кое вели дека е снимен напад врз израелскиот воен конвој во кој загина еден израелски цивил.

Милитантната група истрелала противтенковски проектили и артилериски гранати во спорната област долж границата.

Хезболах соопшти дека неговите борци го нападнале конвојот во заседа непосредно пред полноќ, уништувајќи притоа две возила.

Израелската војска соопшти дека во заседата бил ранет израелски цивил кој вршел инфраструктурна работа, и којподоцна им подлегнал на повредите.

Инцидентот се случил во спорна област позната во Либан како ридови Кфар Чуба и во Израел како Хар Дов.

Областа беше заземена од страна на Израел од Сирија за време на војната на Блискиот исток во 1967 година и е дел од сириската Голанска Висорамнина што Израел ја анектираше во 1981 година.

Либанската влада пак вели дека областа му припаѓа на Либан.

Хезболах и Израел разменуваат оган на речиси секојдневна основа долж границата од почетокот на војната во Газа пред речиси седум месеци.

Хезболах вели дека дејствува во знак на солидарност со Хамас, палестинска милитантна група, која ја предизвика војната со својот смртоносен напад на 7 октомври во јужен Израел.

Борбите меѓу израелската армија и Хезболах се закануваа да ги кренат тензиите бидејќи Израел цели на високи милитанти на Хезболах во последните месеци.

Десетици илјади луѓе се раселени од двете страни на границата.

На израелска страна, во прекуграничните борби загинаа 10 цивили и 12 војници.

Во Либан се убиени повеќе од 350 луѓе, меѓу кои 50 цивили и 271 член на Хезболах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот