Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Качамак со кајмак (РЕЦЕПТ)

YouTube
YouTube

Црногорската национална кујна повеќето луѓе веројатно ги потсетува на традиционалните приморски јадења подготвени на различни начини. Црногорските специјалитети се разликуваат во однос на природното опкружување од кое потекнуваат. Во текот на оваа недела ќе објавиме неколку рецепти со кои црногорската кујна се гордее.

За денес ден одлучивме тоа да биде еден едноставен, но многу популарен рецепт од црногорската традиционална кујна. Тоа е црногорскиот качамак со компир и брашно збогатен со незаменливиот кајмак.

Состојки:

– 1 кг компири
– 0,7 кг пченично брашно тип 500
– 1 лажица маст
– 5 лажици кајмак
– 4 литри вода

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Ставете ги во сад со вода убаво да се сварат. Откако ќе се сварат извадете го поголемиот дел од водата во која се варел компирот и оставете само малку на дното и додадете го брашното. Продолжете да ги варите компирите и брашното заедно уште 20 минути.

По 20 минути варење тргнете го садот од оган и убаво испасирајте го компирот со брашното.

Потоа додадете ја прво маста и повторно убаво мешајте околу 10 минути, а потоа и кајмакот.

Ова е богат, калоричен оброк кој се служи во помала количина од класичниот качамак.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Јагнешко во млеко

 

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Раштика со колбаси и ребра (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Пита на црногорски начин (РЕЦЕПТ)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот