Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Пита на црногорски начин (РЕЦЕПТ)

Youtube
Youtube

Црногорската национална кујна повеќето луѓе веројатно ги потсетува на традиционалните приморски јадења подготвени на различни начини. Црногорските специјалитети се разликуваат во однос на природното опкружување од кое потекнуваат. Во текот на оваа недела ќе објавиме неколку рецепти со кои црногорската кујна се гордее.

За денес ден одлучивме тоа да биде еден стар рецепт на црногорска пита или пита кора по кора која многу едноставно се припремува. 

Тесто за кори:

  • 3 јајца
  • 200гр пченично брашно
  • 150гр пченкарно брашно
  • 50мл зејтин
  • 300мл млеко или јогурт
  • 300мл кисела вода
  • 1/2лажичка сол

Фил:

  • 350гр сирење
  • 3 јајца
  • 250гр кисело млеко
  • 100мл кисела вода


Подготовка: 

Во подлабок сад ги матиме јајцата, а потоа ги додаваме млекото, киселата вода, зејтинот.

Во друг сад ги помешуваме пченкарното и пченичното брашно заедно со солта. Сувата смеса постемпено при мешање ја додаваме во миксот јајца, млеко, масло и вода. Добиваме густа смеса за кори кои се печат во тава како палачинки.

Од смесата печеме 6-7 кори – палачинки поединечно.

Од состојките за фил прво изматете ги јајцата, а тоа додадете го сирењето изрендано заедно со киселото млеко и киселата вода.

Посебно изматените јајца, сирење, кисело млеко и киселата вода ги нанасуваме на корите и редиме најизменично фил, па кора, па повторно фил…

На крајот прелијте ги сите кори со филот и печете на загреана рерна на 220 степени околу триесет минути или додека не зарумени.

Потребно е питата убаво да се излади и со тенок нож убаво да ја одлепите од тавата. Питата се јаде во комбинација со пршута и останати црногорски деликатеси.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Јагнешко во млеко

 

Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Раштика со колбаси и ребра (РЕЦЕПТ)

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот