Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Раштика со колбаси и ребра (РЕЦЕПТ)
Црногорската национална кујна повеќето луѓе веројатно ги потсетува на традиционалните приморски јадења подготвени на различни начини. Црногорските специјалитети се разликуваат во однос на природното опкружување од кое потекнуваат. Во текот на оваа недела ќе објавиме неколку рецепти со кои црногорската кујна се гордее.
Препорачано
За денес одлучивме тоа да биде едно старо и популарно јадење од црногорската кујна по име Раштан или Раштика. Богато јадење кое подолго време се подготвува, но вреди бидејќи е нешто уникатно и богато на вкус.
Состојки:
– 500 гр листови раштан
– 500 гр микс од колбаси и ребра
– 100 гр сланина
– 3 средни компири
– 2 главици кромид
– 2 средни моркови
– 4-5 чешниња лук
Подготовка:
Измијте ги убаво листовите раштан (раштика – вид зелка, зелјесто растение) и извадете ги рачките. Ставете ги во поголемо тенџере со солена вода да се варат.
Исечете ги ребрата, домашните колбаси и сланината на парчиња. Ставете ги во експрес лонец со вода и оставете ја водата за зоврие.
Кога лисјата од раштика ќе се сварат исцедете ги, а кога ќе се оладат исечкајте ги ситно, па додадете го месото. Водата во која се готвел раштанот може да се додаде во тенџерето подоцна, доколку е потребно повеќе вода.
Додадете ситно исечен кромид, морков, компир и неколкуте чешниња лук. Во ред е што ги готвите овие намирници заедно и подолго време, компирот ќе зготви повеќе за разлика од морковот, што воопшто не е лошо, бидејќи варениот компир ќе го згусне ова јадење.
Затворете го експрес лонецот и оставете го јадењето да се готви.
Кога експрес лонецот ќе почне да испушта звук, значи јадењето е готово.
По малку повеќе од еден час готвење (тоа е издржливо и цврсто растение, па затоа му треба повеќе варење), го отстрануваме тенџерето целосно од оган, да се излади за да може да се отвори.
Се служи додека е топло.
Добар апетит!


