Вкусови што се памтат: Црногорска кујна – Јагнешко во млеко

принтскрин/Youtube

Црногорската национална кујна повеќето луѓе веројатно ги потсетува на традиционалните приморски јадења подготвени на различни начини. Црногорските специјалитети се разликуваат во однос на природното опкружување од кое потекнуваат. Во текот на оваа недела ќе објавиме неколку рецепти со кои црногорската кујна се гордее.

Јагнешко во млеко

Кога се работи за црногорските јадења, јагнешкото во млеко е посебен деликатес и буквално подразбира готвење на јагнешкото месо во млеко за тоа доволно да омекне, а исто така, млекото го прави месото посочно и овозможува полесно впивање на зачините.

Состојки:

– јагнешко месо од плешка 1,5 кг

– млеко 1,5 л

– компир 1 кг

– морков 3 парчиња

– бибер во зрна

– ловоров лист

– магдонос

– зачини

Подготовка:

Јагнешкото месо измијте го, ставете го во лонец и прелијте го со млекото.

Додајте ги морковите (цели), ловоровиот лист, биберот и сол по вкус.

Во друго тенџере сварете ги компирите (излупени).

Кога месото ќе се свари, извадете го од лонецот, исечете го, ставете го во подлабок сад и додајте ги сварените компири и морковите.

Прелејте го со исцеденото млеко во кое се вареше месото и украсете го со сечкан магдонос.

Во видеото подолу погледнете уште една варијација на овој традиционален црногорски рецепт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот