Вистински специјалитет за вашата вечера: Рецепт кој сигурно ќе го направите уште многу пати!

Идеален за периодот на изолација кога сигурно сте го испробале секој можен рецепт…

Во време на пандемијата на коронавирусот се роди уште една вештина кај многу луѓе – а тоа е кулинарската уметност.

Креативноста за нови јадења никогаш не недостасува, а овој специјалитет можете да си го направите за вечера, но и за појадок, а во деновите кога сте мрзливи може да ви го замени и ручекот.

Најпрвин изматете 3 јајца, додадете половина лажица црвен пипер, сол и малку мешан сув зеленчук.

Секое тост-лебче потопете го во смесата од јајца и наредете го во подмачкан плех додека не ја покриете површината на плехот за печење.

Потоа на секоја кришка леб наредете сирење, салама, а по желба можете да додадете уште некои состојки, како павлака, варено пилешко месо, нешто свежо како домати, маслинки и сл.

Зачинете со малку оригано и изрендајте кашкавал одозгора.

Запечете во загреана рерна на 200 степени околу петнаесетина минути.

Исецкајте и сервирајте.

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот