ВИДЕО | Зимница без конзерванси: Кисели пиперки полнети со зелка

Фото: Профимедиа

Во екот е приготвувањето на зимница за претстојните постудени денови, затоа ви го донесуваме овој одличен рецепт за туршиски пиперки полнети со зелка, со кои можете во секое време да имате подготвен оброк. Доволно е да додадете парче месо и ручекот е готов!

При подготовката на овој вид зимница, подобро е да ставите бела зелка бидејќи не пушта боја, но можете да користите и виолетова или да ги измешате двата вида. Свежата зелка можете да ја изрендате и посолите претходната вечер за да го пушти својот сок. Пожелно е да се изберат поголеми пиперки.

Состојки:

– 3-4 кг зелка
– 5-6 кг жолти пиперки
– 5 литри вода
– 150 г сол

Подготовка:

Пиперките исчистете ги од дршките и семките, измијте ги и наредете ги на чинија обложена со памучна крпа добро да се исушат. Сувите пиперки внатре малку посолете ги, наредете ги во тепсија и оставете ги да отстојат околу еден час.

Отстранете го првиот слој листови од зелката, исечете ги корените и измијте ја, а потоа изрендајте ја. Потоа постепено солете со две лажици сол и со рацете мешајте за солта да помине насекаде. Исто така, оставете го да отстои околу еден час.

Во 5 литри вода растворете 150 грама и мешајте додека солта целосно не се раствори. Пиперките до врвот наполнете со зелката и наредете ги во пластичен сад. Ако ви останало малку зелка, наредете ја врз и помеѓу пиперките. Потоа прелијте со солената вода, која претходно сте ја измешале.

Одозгора покријте со чинија, притиснете и оставете да отстои 15 дена. Потоа, овој феноменален прилог е подготвен за јадење!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот