Фото: Инфомакс / скриншот

ВИДЕО | Возач на „Мерцедес“ прегази осумгодишно дете во Драчево

Детето е веднаш префрлено во болница, но МВР засега не открива информации за неговата здравствена состојба

Возач попладнево прегазил осумгодишно дете со автомобилот „Мерцедес“ во скопската населба Драчево, соопшти полицијата.

Детето е веднаш префрлено во болница, но засега нема информации за неговата здравствена состојба.

„Денеска (14.05.2026) во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. (53) од Скопје удрило во пешак-дете на возраст од околу осум години. Детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во комплекс клиники “Мајка Тереза”, а во тек е увид на местото на настанот“, велат од полицијата.

Порталот „Инфомакс“ објави кусо видео на кое се гледаат поголема група луѓе на местото на несреќата, како се обидуваат да му помогнат на момчето.

Скопјанец со мотор смртно прегазил пешак во населбата Даме Груев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот