ВИДЕО | Вилијам не сакаше ниту да го погледне: Читач на усни откри што го замолил Ендру на нивната последна средба
Сите високи членови на кралското семејство се собраа во септември минатата година во Вестминстерската катедрала на погребот на војвотката од Кент. Таму беа и Ендру Маунтбатен-Виндзор, како и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Поранешниот принц ја искористил приликата да поразговара со својот внук, принцот Вилијам, а нивниот напнат разговор тогаш го забележале камерите. Британски експерти за читање од усни сега откриваат за што разговарале и како Ендру упатил очајничка молба до принцот.
Аналитичари од „Канал5“ анализирале неколку неодамнешни моменти од британското кралско семејство, меѓу кои и ова собирање на кое дојдоа да ѝ оддадат почит на сопругата на братучедот на покојната кралица, која почина на 92-годишна возраст.
Поранешниот војвода од Јорк имал очигледно напната средба со принцот и принцезата од Велс на скалите на црквата по мисата, додека чекале да дојдат автомобилите. Читачката на усни Никола Хиклинг тврди дека Ендру го искористил моментот за да побара прошка од својот внук, пишува „Дејли Мејл“.

Разговорот се случувал во период кога повторно се појавуваа контроверзни написи за наводната поврзаност на Ендру со осудениот сексуален престапник Џефри Епсин. Тоа на крај доведе до тоа да му бидат одземени титулите и да биде иселен од својата резиденција Ројал Лоџ.
Тој подоцна беше и уапсен поради сомнежи за недолично однесување во јавна служба, по тврдењата дека му давал доверливи информации на Епстин додека бил британски трговски претставник од 2001 до 2011 година. Иако повеќепати ги негираше сите обвиненија, Ендру е едно од имињата што најчесто се споменуваат во досиејата на Епстин кои Министерството за правда ги објави во јануари.
Според читачката на усни, разговорот течел вака:
„Добар ден, Вилијам и Кејт, како сте?“ – прашал Ендру.
Кејт одговорила:
„Добро, фала“, а Хиклинг објаснува дека во тој момент Вилијам изгледал малку непријатно, па му рекол на Ендру:
„Што можам да направам за тебе?“.
Очигледно очајната молба на Ендру следела откако ги поздравил принцот и принцезата од Велс, па рекол:
„Навистина сме сите затворени во ова заедно“, на што Вилијам само кратко одговорил: „Да“.
Во снимениот разговор, Ендру наводно го прашал Вилијам:
„Научив од тоа што го направив, но пред да заборавам, ако може, сакам да ве прашам, дали можете да ми простите?“.
На тоа не добил одговор и се оддалечил од парот, по што Кејт рекла:
„Изгледаше како навистина да му е жал“.
Вилијам одговорил:
„Мислиш дека го заслужувам тоа? Тоа ли сакаш да кажеш?“.
А принцезата повторила:
„Изгледаше како навистина да му е жал“.
Погребот беше едно од последните службени јавни појавувања на Ендру и Фергусон за кралското семејство, пред светот да дознае за нивните скандалозни врски со Епстин.


