ВИДЕО: Веспрем славеше во дербито против ПСЖ во Лигата на шампионите

Веспрем славеше голема победа над ПСЖ во ЛШ/Веспрем, Унгарија/15 септември 2022/фото: EPA-EFE/Aniko Kovacs

Во рамките од првото коло во ЕХФ Лигата на шампионите Веспрем во големото дерби дома го победи ПСЖ со 36:34 (17:17).

Унгарскиот првак по рамноправното прво полувреме успеа да побегне на 30:25 пред навивачите кои ја даваа потребната поддршка и до крајот на мечот успеа да ја задржи позитивата.

Лауге Шмит со 11, Омар со осум, а Штрлек и Мае со по четири гола беа најефикасни кај Веспрем. Кристопанс постигна седум, Сипжек шест, а Соле Сала четири погодоци за ПСЖ.

Алборг победи против Целје со 36:32 (20:17), а најефикасен во редовите на данската екипа беше Микел Хансен со 10 гола. За словенечкиот претставник Алекс Влах осумпати се запиша во листата на стрелците.

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски забележа четири одбрани во поразот на португалскиот Порто кај полскиот состав на Висла Плоцк со 27:23.

ЕХФ Лига на шампиони (2022/2023)
1. коло, резултати –

Група „А“: ППД Загреб – ГОГ 27:31, Веспрем – ПСЖ 36:34, Динамо Букурешт – Магдебург 28:30, Висла Плоцк – Порто 27:23.

Група „Б“: Кил – Елверум 34:26, Кјелце – Нант 40:33, Пик Сегед – Барселона 28:35, Алборг – Целје Пивоварна Лашко 36:32.

ЛШ: Веспрем со најголеми шанси за трофејот, Порто на Митревски не е ни во Топ 10 фаворити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот