ВИДЕО | Вавринка закажа дерби со Ѓоковиќ на Вимблдон

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Веројатно како и што посакуваше најголем дел од љубителите на тенисот, Новак Ѓоковиќ во третото коло на Вимблдон ќе игра против Станислав Вавринка.

Вавринка денес беше подобар со 3:1 во сетови против Томас Мартин Ечвери, па така закажа нов меч против Ѓоковиќ кој ќе се игра утре околу 18:00 часот. И покрај тоа што Вавринка не е во времето кога играше во најдобра форма, сепак секако станува збор за едно дерби во тенисот.

38-годишниот Вавринка денес беше одличен на теренот и сосема заслужено се пласираше во третото коло. Ечвери го освои само вториот сет со 4:6, останатите три му припаднаа на Вавринка (6:3, 6:4 и 6:2).

Ѓоковиќ и Вавринка досега се сретнале 27 пати на големите турнири, а Ѓоковиќ има дури 21 победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот