ВИДЕО | Вандализирано основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип — искршени табли, компјутери, непристојни пораки по ѕидовите
Вандалски чин бил извршен ноќеска во штипското основно училиште „Ванчо Прке“, поради што утрово училиштето објави дека е прекината наставата. Веста ја потврди и директорот на училиштето, Кокан Радев, кој рече дека уништени се смарт табли, табли, инвентар, компјутери. Вандалот со спреј и остар предмет ги правел штетите низ училиштето, а на ѕидовите со спреј испишал и недолчични пораки.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој истакна дека е направена голема материјална штета во кабинетите за предметна настава. Вандалот единствено не успеал да влезе во кабинетот по хемија, бидејќи бил заклучен. Радев вели дека според камерите инасталирани во училиштето вандалот влегол некаде пред полноќ.
„Лицето влегува од страна на фискултураната сала, таму се задржува извесно време. Потоа влегува во просториите каде што се учениците, каде се одвива наставата. Штетата е нанесена во делот од предметна настава, во поголемиот дел од кабинетите. Штетата е материјална, проценката се уште трае и увидот. Нанесени се содржини со спреј на ѕидовите, на клупите, смарт табли, на таблите во училниците. Се работи за голема материјална штета- вели Радев.
Тој потврди дека вандалскиот чин го сторило едно лице, според она што безбедносните камери во училиштето го имаат регистрирано. Директорот на училиштето се надева дека во наредните три дена ќе се адатпираат предметните кабинети за настава во училиштето, со што од понеделник би почнала редовната настава, за што дополнително ќе бидат известени родителите и учениците.
Од раните утрински часови се одвива увидот од страна на истражните органи. Ова е прв ваков упад и вандалски чин во најголемото централно училиште во Штип.


