ВИДЕО | Вака изгледаше Евровизија во 1956 година: Пронајдена одамна изгубена снимка

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Изборот за песна на Евровизија за првпат бил одржан во 1956 година, Оттогаш до денес овој музички фестивал го задржа континуитетот и како натпреварувачка телевизиска програма која најдолго се емитува влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Евровизија е специфична и по тоа што од првото организирање па се до денес секогаш се емитувала на телевизија и се снимала. Сепак, снимките од две Евровизии денес не постојат.

Првата изгубена Евровизија

Првиот избор за песна на Евровизија бил одржан во 1956 година во Лугано во Швајцарија. Бидејки тоа било такво време во кое мал број на Европејци имале телевизор, таа главно се пренесувала преку радио-станица. Сепак, бидејки постоел телевизиски сигнал, првото издание било снимано и емитувано за малкубројната публика која дома имала ТВ приемник.

Сепак, ова видео денес се смета за изгубено. Се претпоставува дека до тоа дошло затоа што Евросонгот бил примарно снимен за радио. Аудио снимката од Евровизискиот натпревар преживеала. Дури неколку децении подоцна се појави снимката од повторното изведување на победничката песна која ја снимил фотографот Винченцо Викари и ова засега е единствената пронајдена копија од дел од првата Евровизија одржана тогаш.

Втората изгубена Евровизија

Изгубена е и „Евровизија 9“, т.н. натпреварување одржано во 1964 година во Копенхаген во Данска иако, навистина, од сосема други причини.

Било тоа првпат натпреварот да го организира една скандинавска земја. Учествувале 16 земји, а дебитант била Португалија. За првпат, победила Италија, а натпреварот е познат и по тоа што и Југославија била учесник и за прв и единствен пат, имала 0 поени. Претставник бил Сабахудин Курт со песната „Život je sklopio krug“.

Како дошло до тоа снимката да се изгуби? Снимката постоела, но настрадала од пожар во зградата на данскиот емитувач во текот на 70-тите. Ниту еден друг емитувач не ја снимал целата програма. Единствено преживеале делови од одделни песни, повторното изведување на победничката песна, како и аудио снимката од натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот