ВИДЕО: Тешко му оди на Динамо без Адеми, „модрите“ без финале во Купот на Хрватска

фото: gnkdinamo.hr

Неодамна Динамо Загреб се раздели со еден од своите најуспешни играчи во историјата на клубот, Аријан Адеми, а ерата на „модрите“ без него не започнува најдобро.

Потсетување дека македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ја продолжи кариерата во редовите на кинескиот клуб Пекинг Гуан.

Во полуфиналето од Купот на Хрватска Динамо иако ја имаше фаворитската улога истата не ја оправда против Шибеник кој славеше со 2:1.

Иако водеа играчите на тренерот Чачиќ уште од првата минута со голот на Дрмиќ, Шибеник во вториот дел направи пресврт со погодоците на Позо и Чоп.

Нашиот одбранбен фудбалер Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб. Во финалето на хрватскиот Куп Шибеник ќе игра со подобриот од второто полуфинале Славен Белупо – Хајдук Сплит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот