Официјално: Македонскиот репрезентативец Адеми е нов фудбалер на кинескиот Пекинг Гуан

фото: fcguoan.com

Аријан Адеми после 13 години славни шампионски моменти со Динамо Загреб, има нов предизвик во неговата клупска кариера.

Како што и се најавуваше, тоа доби и потврда, македонскиот репрезентативец и официјално е нов фудбалер на Пекинг Гуан од Кина.

Во периодот од 2007 до 2010 година ги бранеше боите на Шибеник, а беше и на позајмица во Локомотива Загреб.

За нашиот 31-годишен фудбалер кој ќе игра со бројот 45 на својот дрес, се вели дека настапува во средниот ред, како дефанзивен играч за врска или централен играч за врска на теренот, одличен во напаѓачкиот и одбранбениотдел.

За најдобрата македонска фудбалска репрезентација до сега има 28 настапи и четири голови.

фото: fcguoan.com

https://www.slobodenpecat.mk/en/vo-chest-na-ademi-dinamo-privremeno-go-povleche-dresot-so-broj-pet/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот