ВИДЕО | Таткото на Меган Маркл: Принцот Хари е идиот и мекуш, нивниот брак ќе се распадне

Фото: Принтскрин/Јутјуб/ЕПА

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, даде прилично експлозивно интервју за „GB News“ во кое го нарече принцот Хари идиот и се согласи со Доналд Трамп, кој неодамна рече дека Хари во бракот со Меган е „камшикуван“ и дека таа го влечела за нос.

Томас е во лоши односи со сопствената ќерка, со која отворено се расправа преку медиумите веќе неколку години, а сега откри дека ќе дојде во Велика Британија по повод прославата на платинестиот јубилеј -70 години од владеењето на кралицата Елизабета Втора. Тој таму ќе се обиде да се смири со Меган и да ги запознае внуците Арчи и Лилибет. Таткото на Меган не се ни појави на нејзината венчавка во 2018 година, а потоа тоа го оправда со опоравувањето од операцијата на срцето.


„Едвај чекам да се сретнам со кралицата Елизабета Втора затоа што сакам да и покажам дека ја почитувам. Би сакал да се сретнам и со принцот Чарлс и да му се заблагодарам што ја придружуваше ќерка ми до олтарот и да разговарам со него бидејќи мислам дека имаме многу заедничко. И двајцата сме отпишани од своите деца“, изјави тој во интервјуто.

Тој, исто така, ја критикуваше својата ќерка Меган поради тоа што не ги однела децата за време на нејзината неодамнешна посета на кралицата и го опиша потегот како „шамар за кралицата“.

„Мислам дека таа има право да се сретне со нејзините правнуци. И затоа, ако се појават сега, се надевам дека ќе ги донесат во Лондон“, рече тој, а имаше што да каже и за принцот Хари, кого го обвини дека размислува за доаѓањето на јубилејот на кралицата, од „безбедносни причини“.

 

„Се однесува како дете. Се шета околу мојата ќерка како мало момче. Тој не е маж. Велат дека бил војник, но јас не верувам затоа што отсекогаш бил мекуш и таков и ќе остане. Неговиот брат Вилијам е вистински маж, како и неговиот татко Чарлс, но Хари никогаш нема да порасне. Тој е идиот“, заклучил Томас.

Маркл се согласи со тврдењата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој рече дека Меган го влече Хари за нос.

„Мислам дека тоа е единственото нешто за кое ќе се согласам со Трамп“, изјави Томас Маркл, кој предвидува дека бракот на Хари и Меган ќе заврши многу лошо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот