Кинеска инфлуенсерка - со и без филтер/Фото: Принтскрин/Тикток/gigglexguru

ВИДЕО | Следбениците шокирани: Инфлуенсерка случајно го откри вистинското лице без филтер и изгуби 140.000 обожаватели!

Кинеска инфлуенсерка изгуби 140.000 следбеници откако технички проблем со филтерот за разубавување го откри нејзиниот вистински изглед, судејќи според објавите што станаа вирални на социјалните медиуми. Според виралните видеа што се раширија на Тридс, Тикток и други платформи, неименуваната инфлуенсерка снимала видео кога се случила естеската непријаност. Видеото ја прикажува инфлуенсерката како се подготвува пред камерата, кога одеднаш нејзиниот филтер за разубавување се исклучил. Виртуелниот изглед се вратил неколку секунди подоцна, повторно покажувајќи мало, бледо лице со совршено симетрични црти на лицето.

Но, дотогаш штетата веќе била направена. Според извештаите од социјалните мрежи, како што пишува „Њујорк пост“, се тврди дека таа изгубила дури 140.000 следбеници по овој ненамерен поглед зад дигиталната завеса.

 

И покрај сè, многу гледачи застанаа во одбрана на жената, а многумина тврдеа дека повеќе им се допаѓа нејзината верзија без филтер.

– Мислам дека е многу поубава од филтерот. Филтерот изгледа безживотно – напиша еден обожавател.

– Таа е буквално прекрасна, не можам да верувам. Бесна сум поради неа – рече друг следбеник, критикувајќи ја „дигиталната маска“.

Трети пак, го искористија моментот да се побунат против наводно недостижните „источноазиски стандарди за убавина“.

Иако сè уште не е јасно дали фијаското со лицето на оваа жена е реално, ова не е првпат инфлуенсерите да бидат обвинети за мамење на јавноста преку дигитално разубавување. Кинеска ѕвезда на социјалните медиуми, која се нарекуваше под името „Нејзиното Височество Као Билуо“ во 2019 година, ги шокираше следбениците откако технички проблем среде снимањето откри дека таа е жена на средна возраст, а не младата убавица во која биле наведени да веруваат.

Пред неколку години, корисниците на социјалните медиуми го критикуваа новиот филтер на Тикток со вештачка интелигенција „Bold Glamour“, тврдејќи дека е толку нереален што треба да биде „нелегален“.

– Бев задоволна од мојот изглед сè додека не го пробав ова. Овие филтри мора да се запрат – рекла еден британска инфлуенсерка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот