ВИДЕО | Сите зборуваат за неговото „ново лице“: Бредли Купер проговори за пластичните операции
Гостувајќи во популарниот поткаст „SmartLess“, холивудскиот актер и режисер Бредли Купер за првпат отворено проговори за шпекулациите поврзани со неговиот изглед и јасно порача дека никогаш не бил подложен на пластична операција.
Препорачано
Актерот реши да стави крај на долгогодишните гласини кои повремено се појавуваат во медиумите и на социјалните мрежи. Во епизодата на поткастот „SmartLess“, објавена на 5 јануари, 51-годишниот актер искрено зборуваше за коментарите што го следат последниве години и објасни како се справува со претпоставките за естетски зафати.
Во разговор со водителите Џејсон Бејтман, Шон Хејс и Вил Арнет, Купер без задршка истакна дека ваквите тврдења се неосновани и дека нема потреба да се крие зад гласини кои немаат допирна точка со реалноста.
„Сите мислат дека ја знаат вистината“
За време на поткастот, Вил Арнет се присети на ситуација кога бил прашан што јавноста не знае за Бредли Купер. Тој посочи дека често се соочува со тврдења дека неговиот долгогодишен пријател имал естетски интервенции, но нагласи дека тоа едноставно не е вистина. Џејсон Бејтман ја потврди оваа изјава, а Арнет додаде дека ваквите написи го лутат бидејќи постојано се повторуваат, иако немаат реална основа.
Самиот Купер призна дека во последно време луѓето често му приоѓаат со коментари за тоа колку добро изгледа, што дополнително го натерало да размислува за тоа колку гласините станале дел од секојдневието. Според него, проблемот не е во коментарите, туку во уверувањето дека јавноста, врз основа на озборувања, мисли дека знае сè за нечиј приватен живот.
Покрај темата за гласините, Купер во изминатите недели е често присутен во јавноста и поради промоцијата на филмот „Is This Thing On?“, неговиот најнов режисерски проект. Во филмот играат Вил Арнет и Лора Дерн, кои ги толкуваат улогите на брачен пар чија врска се распаѓа, додека истовремено се соочуваат со родителството, идентитетот и промените што ги носи средната возраст.
Внимание привлече и неговиот приватен живот. Купер неодамна беше забележан во друштво на манекенката Џиџи Хадид, со која е во врска од октомври 2023 година.
ФОТО | Бредли Купер и Џиџи Хадид страсно се бакнуваат на јахта во Италија
ФОТО | Бела Хадид ѝ го честиташе роденденот на Џиџи со фотографии од детството кои трогнаа многумина


