ВИДЕО | Сидни Свини ги изненади присутните на настан во Холивуд — се качи на сцената и фрлаше долна облека во публиката
Актерката познатата холивудска актерка, Сидни Свини, повторно успеа да ги помести границите на провокацијата. За време на музичкиот фестивал „Стејџкоуч“ (Stagecoach), ѕвездата на серијата „Еуфорија“ се појави на бината за време на настапот на диџеј Дипло и предизвика вистински делириум кај присутните.
Препорачано
Овојпат, Свини не само што привлече погледи со својот изглед, туку и на сосем необичен начин го промовираше својот нов бренд за долна облека, така што почна да им фрла гаќички и градници на фановите.
@diplohq never recovering from this 😭 #sydneysweeney #diplo #stagecoach #honkytonk ♬ No Broke Boys – Disco Lines & Tinashe
Облечена во краток син корсет преку чипкаст мини-фустан со длабоко деколте, Сидни ја спои провокацијата со маркетингот. Целосниот изглед го надополни со бели каубојски чизми и дискретен ѓердан со иницијалите „SB“. Многумина веруваат дека тие се посветени на нејзиниот партнер Скутер Браун, на чии раменици актерката подоцна беше видена како го следи остатокот од концертите во публиката.
Освен на главната сцена, Сидни организираше и забава во својот простор наречен „Sirn Saloon“, каде што самата запеа караоке. Настанот привлече и други славни личности, како Мила Кунис и Ештон Кучер, кои уживаа во опуштената атмосфера.
Ова е само продолжение на нејзината агресивна маркетинг кампања, откако претходно годинава предизвика внимание со закачување на џиновски градник преку познатиот знак „Холивуд“.


