ВИДЕО | Шок во Астана: Ништо од нов спектакл меѓу Алкараз и Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Карлос Алкараз, првиот тенисер на светот, претрпе неочекуван пораз во првото коло на турнирот во Астана, Казахстан. Шпанецот загуби на стартот од Белгиецот Давид Гофан кој триумфираше со резултат 2:0 во сетови 7:5 и 6:3 после нешто повеќе од еден и пол час игра.

За Алкараз ова беше вториот пораз од освојувањето на грен слем турнирот „УС Опен“, односно после дуелот со Феликс Оже-Алијасим во Дејвис купот. Гофан му се реваншираше на младиот Шпанец за поразот од Мелбурн минатата година кога беше 6:3, 6:3 за Алкараз.

Треба да се истакне и дека Гофан во овој меч влезе како „среќен губитник“, откако во квалификациите подобар од него беше малку познатиот Италијанец Лука Нарди, моментно 152 играч на планетата.

Белгискиот тенисер за пласман во полуфиналето на турнирот ќе игра против Французинот Адриан Манарино кој со пресврт го совлада Станислас Вавринка со 1:6, 6:2 и 6:3.

Во Астана треба да настапи и Новак Ѓоковиќ („вајлд-карта“, четврти носител), а српскиот ас својот меч ќе го има в среда против Кристиан Гари од Чиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот