ВИДЕО: Карлос Алкараз го освои „УС Опен“, стана најмладиот број еден во светот

Карлос Алкараз ја освои првата грен слем титула/Њујорк, САД/11 септември 2022/фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Карлос Алкараз во финалето на последниот Грен слем сезонава „УС Опен“ во Њујорк (САД) го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3:1 во сетови 6:4, 2:6, 7:6 и 6:3.

Младиот шпански тенисер ја освои својата прва Грен слем титула во своето прво Грен слем финале.

Со оваа победа Алкараз се искачи и на врвот на АТП листата. Тој стана најмладиот број еден во светот, додека Руд ќе биде на второто место на АТП.

По големиот успех Алкараз призна дека е уморен.

– Малку сум уморен. На секој турнир треба да дадеш апсолутно сè што имаш. Работам многу, многу напорно, ова е нешто за што сонував, уште од дете, да бидам шампион. Тешко е да се зборува поради сите овие емоции, но тоа е нешто на што максимално се трудев заедно со моето семејство, со тимот. Имам само 19 години, сите мои одлуки се во согласност со моето семејство и ова е нешто посебно за мене – рече Алкараз.

Исто така му честиташе и неговиот сонародник Рафаел Надал, четирикратен освојувач на „УС Опен“. Потсетување дека Рафа загуби во четвртото коло од Американецот Френсис Тиафо.

– Честитки Карлос Алкараз за твојот прв Грен слем и за првото место што е кулминација на твојата прва одлична сезона и сигурен дека ќе ги има уште многу. Каспер Руд, голем труд, многу сум горд на тебе. Тешка среќа, но имаше еден неверојатен турнир и сезона. Само продолжи напред – напиша Надал на „Твитер“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот