Шерон Стоун и Роберт Де Ниро во филмот „Казино“ - Фото: Pictorial Press, Pictorial Press Ltd / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Шерон Стоун вели дека Роберт Де Ниро се бакнува најдобро од сите во професијата

Актерката Шерон Стоун, гостувајќи во емисијата „Енди Коен лајв“, сподели приказна за најдобриот бакнеж во својата актерска кариера, пренесува „Хафпост“. Стоун се присети на сцена со Роберт Де Ниро од криминалистичкиот класик на Мартин Скорсезе „Казино“.

„О, Боже. Тој најдобро се бакнува во оваа професија. Силно ме бакна“, изјави таа.

Зборувајќи за сцената што му претходела на бакнежот, Стоун објасни дека нејзиниот лик требало да оди во тоалет, а бидејќи станува збор за измамничка, го натерала ликот на Де Ниро да ѝ даде пари. Тој првично извадил 50 долари.

„Го погледнав како да му кажувам дека тоа е малку повеќе од 50 долари за тоалет. Тој ме погледна, ја подаде раката и ми даде околу 100 долари, по што се наведнав и го бакнав. По бакнежот, режисерот нѐ праша дали би ја повториле сцената, а јас се согласив. Ни требаше уште еден бакнеж“, раскажа таа.

Стоун исто така претходно изјави дека на почетокот од кариерата имала цел еден ден да работи со Де Ниро. Таа откри дека многупати била на аудиции со него, но тоа не се остварило сѐ додека не ја добила улогата во „Казино“.

„Работев со некои од најголемите ѕвезди во оваа професија, кои ми кажуваа што мислат дека треба да правам, но Роберт Де Ниро не беше таков“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот