Шарлиз Терон и Мет Дејмон во Одисеја - Фото: Universal Pictures / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

ВИДЕО | Шарлиз Терон изненади со признанието дека ѝ се допаѓа Мет Дејмон

Холивудската актерка Шарлиз Терон го привлече вниманието на медиумите со своите необични и искрени изјави за колегата Мет Дејмон, во кои отворено му се восхитува на физичкиот изглед. За време на светската премиера на филмот „Одисеја“ во Лондон, новинарот на „Ентертејмент“ забележа дека 55-годишниот актер е во врвна форма, на што Терон со насмевка додаде:

„Го снимав филмот со него… го имам видено и без тоа оклопно оддело“.

Оскаровката потоа се загледа во далечината и низ шега си префрли за сопствената реакција:

„Чудно е. Ваквото гледање ми е чудно… му го гледам задникот. Не би требало да го правам тоа, тоа е погрешно“, рече 50-годишната актерка, но сепак уште еднаш повтори дека нејзиниот колега изгледа „неверојатно“.

Во новиот филмски блокбастер во режија на Кристофер Нолан, Терон ја толкува улогата на Калипсо, додека Дејмон го игра главниот лик Одисеј. Ова е нивна повторна соработка по повеќе од две децении, откако во 2000 година заедно глумеа во „Легендата за Багер Венс“.

„Кога ја снимивме првата сцена, си помислив: ’О мој Боже, ова го правевме кога бевме деца, а еве нè сега како двајца возрасни луѓе‘. Тој е еден од моите омилени луѓе и вистинска реткост е да го доживееш истото искуство со некој толку прекрасен речиси 30 години подоцна“, изјави Терон.

Покрај хумористичните коментари за неговиот изглед, актерката истакна дека Дејмон е исклучителна личност и дека целата екипа е среќна што токму тој ја добил главната улога во овој голем филмски проект.

„Ова е филм што не смеете да го пропуштите“: први реакции за „Одисеја“ на Кристофер Нолан

Импресивен успех на „Одисеја“ – филмот заработи 226 милиони евра во првиот викенд од прикажувањето

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот