ВИДЕО | Расфрлани признанија, статуетки, фотографии и скршен мебел: Вилата на Есма Реџепова и по 9 години од нејзината смрт е во очајна состојба
Македонската пејачка и „кралица на ромската музика“, Есма Реџепова, за време на својот живот посвоила 47 синови и само една ќерка, Елеонора. Иако им обезбедила речиси сè во животот, она што можеби е највредно и каде би се чувале сеќавањата на неа, нејзината вила вредна милиони сега, 9 години по нејзината смрт, е целосно напуштена и руинирана.
Препорачано
Бидејќи не е познато каде се сега сите деца кои ги одгледувала за време на својот живот, исто така не е познато дали тие воопшто имаат можност да ја одржуваат и дали воопшто имаат право на неа, бидејќи според некои приказни, Есма куќата ја оставила на државата Македонија.
Видеото кое српски „Телеграф“, го објави неодамна ја покажа состојбата на вилата која и по толку години сè уште е во очајна состојба, а најверојатно и во догледно време ќе остане како и до сега.
View this post on Instagram
Посвојувала само машки деца, пред крајот на животот посвоила ќерка
Есма Реџепова посвојувала само машки деца сè до крајот на својот живот, вкупно 47.
„Па, има тука логика. Ако посвојувавме и женско дете, кога ќе пораснеше, бидејќи не е во крвно сродство, можеше да дојде до секакви работи. Знаете на што мислам. Ние тоа не го сакаме, бидејќи тогаш како ансамбл постојано бевме надвор од Белград, па кој би водел сметка за тоа?“
Сепак, во 2016 година, пред смртта, посвоила ќерка, Елеонора Мустафовска.
„Се согласуваме одлично, како мајка и ќерка. Сфатив дека во понежните години е подобро да имам женско дете со себе отколку машко и не се излажав. Елеонора студира на Универзитетот ESRA во Скопје. Следната година ќе дипломира соло пеење, а веќе три години е членка на „Есма Бенд“, која ме следи“, говорела кралицата на ромската музика пред својата смрт.


