Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Пристигнува новото продолжение на „Запознај ги родителите“, Аријана Гранде им се придружува на Роберт де Ниро и Бен Стилер

Поп-ѕвездата Аријана Гранде се појавува во првиот трејлер за новата комедија „Во сродство со Фокер“ (Focker In-Law), каде настапува заедно со Бен Стилер и Роберт де Ниро.

Филмот претставува продолжение на хит-франшизата „Запознај ги родителите“ (Meet the Parents), која го следи ликот на Грег Фокер (Стилер) и неговите обиди да се вклопи во семејството на својата партнерка, предводено од строгиот татко, ликот на Де Ниро. Оригиналниот филм оствари огромен успех со заработка од над 330 милиони долари и доби уште две продолженија.

Постерот за „Во сродство со Фокер“ / Фото: Инстаграм

Во „Во сродство со Фокер“, Гранде ја толкува Оливија Џонс – девојка на синот на Фокер, која веднаш остава силен впечаток врз семејството. Нејзиниот лик е амбициозен и успешен, а открива дека е обучена како преговарач во заложнички ситуации во ФБИ.

Сепак, токму нејзината блискост со ликот на Де Ниро создава напнатост со Фокер, кој не е сигурен дали може да ѝ верува, додека остатокот од семејството целосно ја прифаќа.

На промоцијата во Лас Вегас, Стилер на шега изјави дека „можеби тој е новиот де Ниро во франшизата“, по што легендарниот актер се појави на сцената и предизвика аплауз кај присутните. Де Ниро, пак, ја пофали Гранде, нарекувајќи ја „веројатно најсмешниот партнер со кој имал можност да глуми“.

Филмот „Во сродство со Фокер“ треба да пристигне во кината за Денот на благодарноста, а според првите реакции, се очекува да донесе нова доза хумор во веќе добро познатата филмска приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот