ВИДЕО | Предлог ручек за денес: Подгответе превкусни милански шницли и за момент „отпатувајте“ во Италија

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Совршена комбинација од месо, кромид и домати!

Доколку денес за ручек сакате да подготвите нешто ново, ова е идеалниот рецепт! Шницлите се сочни, а од доматите се создава и превкусен сос.

Состојки:

– 800гр до 1 кг шницли по избор
– еден домат
– 200 мл сок од домати
– 1 кромид
– сол и бибер, магдонос, малку босилек
– брашно за похување на шницлите
– масло

Подготовка:

Шницлите источете ги, па додадете им сол и бибер.

Огноотпорниот сад премачкајте го со масло и на дното ставете ред шницли, кои претходно ќе ги извалкате во брашно. Врз шницлите посипете исечкан кромид, малку босилек и магдонос.

Ставете го вториот ред шницли кои повторно ќе ги извалкате во брашно и врз нив повторно посипете со кромид. Истото повторувајте го додека да го потрошите месото.

На крај прелијте со малку масло, не повеќе од 100мл и сок од домати.

Додадете малку вода, колку шницлите да бидат прекриени со течност.

Наредете ги прстените исечени домати.

Ставете го садот во рерна, вклучена на 200 степени. Пред да го ставите во рерна, покријте го садот со алуминиумска фолија или со капак, доколку имате.

Печете околу 2 часа. По 1,5 час проверете, протресете ги шницлите со вилушка, доколку се залепени една за друга. Можете да ја извадите и фолијата или капакот, така што горниот дел малку ќе зарумени.

Пријатен ручек!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот