ВИДЕО | Познатиот пејач шокираше на 51 година: Скокна врз илјадната публика од многу висока платформа
Ексцентричниот музичар и актер Џаред Лето (51) често ја шокира публиката со своите акробации на своите концерти. Овој пат истото го направи и на фестивал во Тексас каде што настапи со својот бенд „30 секндс ту Марс“.
Препорачано
На почетокот на концертот Џаред застана на висока платформа свртен кон публиката. Пејачот ги поздрави обожавателите, а потоа со раширени раце скокна кон нив.
Сепак, тоа беше банџи скокање, па Џаред беше сигурен дека ништо нема да му се случи. Неговиот перформанс ја шокираше и воодушеви публиката, но и бројните обожаватели на социјалните мрежи.

„Каков крал“, „Е, така се доаѓа на концерт“, „Навистина си храбар“, беа дел од коментарите.
Инаку Џаред во слободно време се занимава се искачување, а во една пригода за малку ќе умрел поради овие екстремни подвизи, кога се качувал по карпите во кањонот Ред Рок.
Неодамна тој ги изненади и минувачите во Париз и Берлин кога почна да се качува на ѕид од зграда, но без заштитна опрема.
Во продолжение погледнете го видеото:
ВИДЕО | Бизарен подвиг на Џаред Лето: Во влечки се качи на ѕид од хотел


