ВИДЕО | Бизарен подвиг на Џаред Лето: Во влечки се качи на ѕид од хотел

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Џаред Лето ризикувал сериозно да се повреди во вторникот додека се обидел да се искачи на ѕид пред неговиот хотел во Берлин без никаква заштита и облечен во влечки.

Од причини познати само за оскаровецот и музичар, тој се обидел да се искачи на ѕидот на хотелот „Ром“ во сини влечки, кои се прилично лизгави и несигурни за качување по ѕид, пишува „Дејли меил“ (Dailymail).

Ризикувајќи да падне на бетонскиот тротоар, 51-годишниот Лето успеал да се искачи над прозорецот на првиот кат на хотелот од 19 век во прилично неконвенционални обувки пред да се спушти на берлинскиот Бебелплац.

Ексцентричниот фронтмен на бендот „30 Seconds to Mars“ направи сличен подвиг пред истиот хотел во јуни, кога привлече толпа луѓе додека се качуваше.

Неколку дена подоцна, Лето го повтори ризичното искачување за време на патувањето во Париз, каде што беше виден како се качува по бетонскиот ѕид на зграда во француската престолнина.
Лето привлече малку поголема публика за неговиот последен подвиг, но неговата мотивација останува нејасна. Се верува дека акробациите се дел од неговите подготовки за нова филмска улога или спот.

Лето е познат по својата љубов кон качувањето по карпи и еднаш откри дека за малку ќе паднел од речиси 200 метри височина, додека се качувал на „Red Rock“ во Невада, кога неговото безбедносно јаже почнало да се кине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот