ВИДЕО | Најтесната куќа во светот е широка 130 сантиметри: Еве како изгледа внатрешноста

Фото: AGF s.r.l. / Shutterstock Editorial / Profimedia

Најтесната куќа на светот се наоѓа на плоштадот Клод Ерињак во францускиот град Авр и таа е постојана надворешна инсталација, а не станбена зграда. Отворенa е за јавноста во јуни 2022 година, а оттогаш видеата од оваа нетипична зграда често кружат на социјалните мрежи и ги воодушевуваат, но и ги збунуваат корисниците.

Имено, иако на прв поглед сите би се запрашале што може да се вклопи во оваа тесна куќа, внатрешноста е навистина неверојатна, односно е опремена со сите соби и работи како и секоја друга „нормална“ куќа.

Меѓутоа, мебелот и предметите се екстремно компресирани и стеснети, а сè е тесно до тој степен што често предизвикува моментално чувство на клаустрофобија кај посетителот. Често е потребно да се движиte странично низ ходниците и просториите на овој објект.

Куќата е висока околу 7 метри, долга 15 метри, а широка само 1,3 метри! Има спална соба, бања, дневна и секако многу ходници!

Куќата е дизајнирана од австрискиот уметник Ервин Вурм, а таа е реинтерпретација на неговиот дом од детството, типична приградска куќа од 60-тите години на минатиот век.

На внатрешните ѕидови на куќата висат стари фотографии од родителите на Ервин, кои всушност живееле во куќа слична на оваа, а целата композиција има за цел да отслика одреден повоен тесноград во Австрија.

Првично наречена „Тесна куќа“, оваа куќа е типична за делото на Вурм, која ги нагласува деформираните и искривени тела, куќи и предмети со цел да ги нагласи елементите на чудесното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот