Цеца Ражнатовиќ по третпат стана баба: „Ова е посебен ден во мојот живот“

Цеца Ражнатовиќ со семејството / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Снаата на Цеца Ражнатовиќ и сопруга на Вељко, Богдана Ражнатовиќ денеска се породи и на свет го донесе третиот син кој го крстија Исаија.

Во оваа прилика за српски „Блиц“ се огласи познатата српска пејачка, која не ја криеше радоста за доаѓањето на нејзиниот трет внук.

„Пресреќна сум, ова е посебен ден во мојот живот. Се роди Исаја, здраво бебе од 3.850 грама. Три внуци, можам да бидам само најгордата жена на светот“, изјавила Цеца.

И гордиот татко, Вељко Ражнатовиќ се огласи на својот инстаграм-профил и на јавноста ѝ ја соопшти радосната вест.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Слава на Бога! Се роди мојот трет син Исаија“, напиша кратко Вељко.

Цеца се огласи за тврдењета дека Анастасија е бремена и порача едно: Јас како мајка…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот