Цеца се огласи за тврдењета дека Анастасија е бремена и порача едно: Јас како мајка…

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ ги коментираше наводите дека нејзината ќерка Анастасија, која е во брак со фудбалерот Немања Гудељ, е бремена, пипува српски „Блиц“.

– Озборувања! Претпоставувам дека јас како мајка прва би дознала дека е бремена… – низ насмевка одговорила Цеца на снимањето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Анастасија Ражнатовиќ неодамна прослави две години брак со фудбалерот Немања Гудељ, а по романтичната фотографија со балони во облик на срце, Анастасија сподели објава која зборува за она што го научила низ годините.

 

Фото: Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Долго време мислев дека комуникацијата е клучна, додека не сфатив дека тоа е всушност разбирање. Можете да разговарате со некого за сè што сакате, но ако не ве разбира, настанува тивок хаос – ја објави пораката Анастасија на својата инстаграм-приказна.

Анастасија ужива во Шпанија со сопругот, фудбалерот Немања Гудељ, а неговото семејство им е голем поддржувач.

Фото: Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија во еден период не била во добри односи со свекрвата Оливера Гудељ и золвата Вања Гудељ, а како што неодамна напиша српски „Блиц“, дошло до помирување меѓу нив.

– Имаше помирување и сега сè е во најдобар ред. Ја видовте и фотографијата која Немања ја објави на мрежите, сега сите се среќни и во добри односи. Немања имаше најмногу влијание на тоа сите да бидат сложни и сега е токму тоа – вели добро упатен извор за „Блиц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот