Каде е Николина Пишек? Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот Видое, водителката не присуствувала

Николина Пишек и Видео Ристовиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поменот по повод двегодишнината од смртта на српскиот историчар на уметноста Видое Ристовиќ се одржал на Новите гробишта во Белград.

Сопругот на хрватската водителка Николина Пишек, Видое Ристовиќ, почина од затајување на срцето на 8 мај 2022 година, а неговите родители биле на гробиштата за да го одбележат поменот на нивниот покоен син. Таткото Витор Ристовиќ попознат како Миша Гроф и мајката Марија положиле цвеќе и запалиле свеќи.

Родителите на Видое одлучиле денеска, 27 април, да одбележат две години од смртта на нивниот син, веројатно затоа што следниот викенд е Велигден, а Николина Пишек не присуствувала на поменот. Таа изјавила дека не била информирана за одржувањето на поменот на нејзиниот покоен сопруг:

– Со нив немам никаква комуникација освен преку судот. Ниту тогаш, ниту сега не ме известија за поменот – рекла Николина, која била прашана за какви судења станува збор, со оглед на тоа што нејзиниот поранешен свекор Миша Гроф изјавил дека ги повлекол сите тужби против неа:

– Секако дека судскиот процес е во тек, мојот свекор никогаш не бил претерано вистинољубив – нагласила Пишек.

Видое наводно починал на маса за масажа во еден стан. Како што подоцна изјавил таткото на Видое, утрото на 8 мај му се јавила непозната жена и го известила дека неговиот син починал. Видое зад себе ги остави ќерките Матеа од првиот брак и Софија Уна, која ја доби со Николина Пишек. По неговата смрт, Николина водеше медиумска војна со својот свекор за имотот за кој тврдеше дека се обидуваат да го отуѓат.

– Никогаш ништо не сум ѝ оспорувала на Матеа, но нивните амбиции се малку преголеми. Сега навистина можам да кажам дека веќе немам семејство од таа страна. Сè е во рацете на правдата и правосудството. Имам многу конкретни докази за сè, така што овие луѓе имаат непотребни трошоци. Во целина, ужасно и тенденциозно е од нивна страна да ме дискредитираат и онеспособат, иако е многу јасно што е според закон и што на кого му припаѓа. Меѓутоа, тие се обидуваат да се втурнат во мојот имот и сопственост, а ако не, тогаш барем да го забават што е можно повеќе целиот тој процес за да ја изгубам мојата економска сила и да се исцрпам со судските процеси што е можно повеќе. А во моментот имам минимум осум активни процеси, ако не и повеќе – изјавила тогаш Пишек.

Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

Николина Пишек: Сѐ што се зборува за мојот сопруг е вистина, знам за жената со која бил во станот

Миша Гроф се откажа од судењето со снаата Николина Пишек: Ги повлеков сите тужби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот