Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

Николина Пишек и Видое Ристовиќ
Видое и Николина Ристовиќ / Фото: Инстаграм, Видоје Ристовиќ

Видое Ристовиќ, познатиот историчар на уметност и сопруг на хрватската водителка Николина Ристовиќ (поранешно Пишек), ненадејно почина на 44-годишна возраст, во саботата во Белград.

Неговата ненадејна смрт ја изненади јавноста, а неговата неутешна сопруга била во Загреб во моментот кога Ристовиќ починал. По трагичната вест, таа веднаш се упатила од Загреб за Белград.

„Многу лошо се чувствувам, едвај зборувам. Сѐ уште не е извршена обдукцијата, знам толку колку што знаете и вие за причината за неговата смрт. Тешко ми е, пристигнав во Белград, но моментално не сум во куќата во која живеев претходно. Ви благодарам за разбирањето, не би сакала да коментирам повеќе…“, изјави водителката за српскиот медиум „Република“.

Како потсетување, извор за „Република“ открил дека Ристовиќ починал за време на масажа. Тој се чувствувал добро во текот на денот и не се пожалил на никакви проблеми сè до смртта. Во текот на масажата почувствувал дека не е добро и се пожалил, но веќе било доцна, бидејќи по неколку моменти починал. Откако ги кажал зборовите „не ми е добро“, веднаш изгубил свест и набргу починал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by vidojeristovic (@vidojeristovic)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот