Николина Пишек: Сѐ што се зборува за мојот сопруг е вистина, знам за жената со која бил во станот

Николина Пишек и Видое Ристовиќ
Видое и Николина Ристовиќ / Фото: Инстаграм, Видоје Ристовиќ

Хрватската водителка Николина Пишек ги потврди шпекулациите за околностите на смртта на нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ.

Таа проговори на оваа тема за време на гостувањето во поткастот „Skip Or Beep“ на Татјана Јуриќ.

Во моментот кога ја известиле за неговата смрт, Пишек била со ќерката во Загреб, а нејзиниот сопруг требало да им се придружи еден ден подоцна. Тоа, за жал, не се случило.

„Ми се јави неговата мајка, во ситни ноќни часови, а се погоди да сум будна, не знам зошто… Таа само ми кажа: ‘Видо умре’, на што ѝ одговорив: ‘Добро ли си? Марија, што се случува?’. Не можев да го испроцесирам тоа некое време. Денес веќе со никого не сум во контакт од моето поранешно семејство“, раскажа водителката.

Фото: Инстаграм

Во разговорот со водителката, Пишек призна дека горе-долу сѐ што било напишано за нејзиниот сопруг било вистина.

„Била присутна една женска личност во приватниот стан, јас не ни знам како се вика – толку ми е тоа важно, која призна дека била во некаква врска со него, а мојот свекор го формулираше тоа како масажа. Сѐ беше толку чудно, а лекарскиот извештај потврди дека починал од срцева слабост“, сподели Пишек.

Пишек преку ноќ стана вдовица, но и изневерена жена, а тоа не ја обесхрабри.

„Имаше моменти кога тоа многу ме лутеше, но потоа сфатив дека е многу неважно и дека губам енергија, а имам многу поважни проблеми во животот и работи кои морам да ги решавам, на кои морам да се фокусирам… деца за кои морам да се грижам“, објасни таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот