ФОТО | Ким Кардашијан драстично го промени изгледот: Се обиде да се сокрие, но ја уловија папараци

Ким Кардашијан / Фото: EPA

Ким Кардашијан е препознатлива во светот по карактеристичната фризура и црната боја на коса. Меѓутоа, Ким често има фази на менување на фризури и боја на коса, па беше русокоса, црвенокоса, обоена во бебешко розево, а минатата година не можеше да одолее на боб фризура, но сега направи голема промена.

Ким е фотографирана како доаѓа на кошаркарскиот натпревар на нејзиниот син Сеинт, а никој не можел да не ја забележи нејзината фризура.

Фото: Lagossiptv / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Иако се обидела да ја сокрие под капа и да ја заврзе, очигледно е дека ја избелила косата и ја скратила.

Некои од нејзините обожаватели сметаат дека Ким никогаш не изгледала подобро, додека не се малку оние кои истакнуваат дека старлетата е најубава како што ја запознавме – како занесна црномуреста убавица.

Фото: Lagossiptv / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот