Ве измамиле многу пати досега: Четирите најчести лаги што луѓето ги кажуваат пред интимните односи

Фото: Пекселс/cottonbro studio

Не паѓајте на сѐ што ќе слушнете, дури и ако во тој момент сте голи со партнерот.

Секој од нас барем еднаш го излажал партнерот. Некои лаги се посериозни и почести, но причините за невистина се многубројни. Некои кријат длабоки, мрачни тајни, други се обидуваат да избегнат повреда на туѓите чувства, а трети уживаат во самиот чин на лажење. Има и такви на кои им е тешко да се отворат кон другите бидејќи од претходните искуства научиле дека на крајот ќе бидат повредени. Без разлика на мотивот, луѓето лажат од различни причини, а тој што слуша ќе процени дали лагата може да се прости. Најчестите лаги се поврзани со сексот.

Во една студија, во која учествуваа 2.000 учесници, истражувачите побараа од испитаниците да признаат некои „бели лаги“ што ги кажале во текот на нивниот живот и да ја оценат сериозноста на тие лаги на скала од еден до пет. Интересно е што првите четири најчести лаги биле поврзани со сексуални односи, а има четири кои се пред другите.

1. „Пијам апчиња за контрацепција“

Оваа лага е оценета со 4,52 на скалата за сериозност, што ја прави многу сериозна. Иако жените не треба да лажат за ова, бидејќи тоа носи ризик од несакана бременост, тоа јасно се случува, и тоа често.

2. „Не ме интересира само сексот“

Колку пати сте го слушнале ова дури и од луѓе кои не се потенцијални партнери туку пријатели? Оваа лага доби оценка од 3,56, што е помалку тешка од првата, но може да доведе до длабоко страдање и скршени срца бидејќи ѝ дава лажна надеж на другата страна.

3. „Спиев со икс луѓе“

Оваа лага има оцена 3,46. Чудно е што не беше оценета построго, со оглед на ризикот од полово преносливи болести. Подобро да го прескокнете одговорот отколку да лажете за тоа. И ако слушнете прениска или превисока бројка – веројатно е лага.

4. „Ти си првата личност со која го направив ова“

Со оценка од 3,23, оваа лага често се кажува за да се избегне повреда на чувствата на другата страна или да се зголеми самодовербата на соговорникот. Меѓутоа, со партнерите кои имаат здрава врска, тоа не треба да се случи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот