Зеленски побара побрза испорака на воената помош, но и пристапување на Украина во ЕУ и НАТО

Володимир Зеленски / Фото EPA-EFE/Piotr Nowak

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од меѓународната заедница побрза испорака на поголема воздушна одбрана и започнување на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија и НАТО.

Украинските сили се соочуваат со влошена ситуација на истокот на земјата и чекаат испорака на оружје од САД, откако Конгресот го одобри пакетот помош од 61 милијарда долари по неколкумесечни одложувања. Зеленски, наводно, побарал дополнителни системи за противвоздушна одбрана, особено системи Патриот.

Зеленски се заблагодарил на Конгресот за усвојувањето на пакетот помош.

Во врска со Европската унија, Зеленски рече дека Украина ги исполнила сите услови за пристапни преговори и дека „сега ЕУ мора да ги исполни своите обврски“.

Што се однесува до НАТО алијансата, Зеленски рече дека секоја земја што негува заеднички вредности и е подготвена да ги брани „заслужува покана за членство во алијансата“.

Тој изрази оптимизам за перспективите за мир, осврнувајќи се на претстојниот мировен самит во Швајцарија на 15-16. јуни. Русија не беше поканета на собирот и ја отфрли средбата како бесмислена без учество на Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот