ВИДЕО | Повторно драма: Ким Кардашијан плаче, Кортни ја обвинува дека ѝ ја упропастила свадбата

Фото: Принтскрин/ Јутуб/ Хулу

Во новото видео од серијата „The Kardashians“, гледачите може да посведочат на жестоката расправија меѓу сестрите Ким и Кортни, која всушност ќе биде во фокусот на третата сезона.

Серијата која премиерно ќе се прикаже на 25 мај на „Хулу“ се чини дека се врти околу интензивна кавга, која довела до голем семеен проблем.

Видеото започнува со тоа што Ким Кардашијан сакала да избегне кавга во семејството, бидејќи Кортни ја обвинува дека нема граници и почит кон другите. Оваа расправија меѓу сестрите ги вклучува и другите членови на семејството, како Кајли и Кендал Џенер.

Ким и Кортни се во конфликт, што произлегол од обвинувањето дека Ким ја засенила својата сестра користејќи ја венчавката со Тревис Баркер, како деловна вечера. Ултра луксузната венчавка на Кортни Кардашијан се одржа на италијанскиот имот во сопственост на дизајнерите на Доменико Долче и Стефано Габана, кои ја креираа нејзината венчаница.

Тензијата ескалирала кога Кортни дознала дека нејзината сестра во тој период договорила соработка  со луксузниот моден бренд „Долче и Габана“ за колекција наречена „Ciao, Kim“. Набргу потоа Ким стана заштитно лице на „Долче и Габана“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Kardashians (@kardashianshulu)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот