ВИДЕО | По веста дека ѕвездата на „Никелодеон“ живее како бездомник, колега го пронајде и го смести во хотел
По информациите дека поранешната ѕвезда на Никелодеон, Тејлор Чејс, живее како бездомник во Лос Анџелес, неговиот колега и пријател Даниел Кертис Ли успеал да го пронајде и да му обезбеди сместување во хотел, пренесува „Дејли мејл“.
Препорачано
Чејс и Ли заедно глумеа во популарната серија „Водичот на Нед за преживување во училиште“ (Ned’s Declassified School Survival Guide), која се емитуваше од 2004 до 2007 година. Откако веста за тешката животна состојба на Чејс се прошири во медиумите и на социјалните мрежи, Ли се ангажирал лично да го пронајде и да му помогне.
На социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како му приоѓа на Чејс во придружба на полицаец, по што заедно одат на ручек. Преку видеоповик им се придружил и нивниот поранешен колега од серијата, Девон Веркхајзер.
По средбата, Ли го однел Чејс во хотел и во описот на видеото напишал:
„Тејлор Чејс и Куки повторно се поврзаа со Нед преку видеоповик. Нахранет, безбеден од дождот и сместен во хотел. Уште еден чекор поблиску до долгорочно лекување.“
Во понеделникот, Ли преку Инстаграм детално ги опиша напорите што ги вложил за повторно да воспостави контакт со својот поранешен колега и да му обезбеди безбедно засолниште. Тој откри и дека успеал да го убеди Чејс да разговара со својот татко, како и дека претходната вечер се обиделе да го сместат во болница, но тој се откажал од тоа.
Ли додаде дека разговарал и со мајката на Чејс, која го предупредила дека директно давање пари би можело да биде опасно за него. Според неа, семејството се обидува да го смести во центар за рехабилитација, но Чејс се соочува со сериозни ментални проблеми и борба со зависност.
ВИДЕО | Поранешна детска актерска ѕвезда живее како бездомник: „Холивуд ги `јаде` младите“


