ВИДЕО | Ова е крајот на култниот „Ice Age“: Верверицата конечно го изеде желадот

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Сите кои гледале барем едно од продолженијата на култниот цртан филм „Ice Age“ добро го познаваат ликот, верверицата Скрат, која со сета сила постојано се бори да го скрие својот желад за да може подоцна да го јаде на мир. Но бидејќи тоа не му поаѓаше од рака се од 2002 година, кога беше објавен првиот филм, екипата од „Blue Sky Studios“, студиото што го направи „Ice age“, реши да му помогне конечно да успее во својот план.

На видеото кое неодамна е објавено на Јутјуб со наслов „The End“ се гледа како Скрат го јаде желадот.

Во објавата се вели:

„Во последните денови на студиото „Blue Sky“, се собра мал тим од уметници за да го направи ова последно видео. Ова е наше збогување, збогување под наши услови“.

Видеото е прегледано речиси два милиони пати.

Имено, пред околу една година студиото објави дека ќе престане со работа поради лошиот период за бизнис предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

„Disney“ ги купи уште во 2019 година, а студиото беше затворено на почетокот на овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот