ВИДЕО: Објавен првиот тизер трејлер за новата сезона од серијата „Сексот и градот“

Profimedia
Profimedia

Веќе е потврдено дека американската серија „Сексот и градот“ ќе добие уште една сезона, а продукцијата покрај поставување на тизер трејлерот одлучи да открие уште неколку детали од новите епизоди.

Како што и претходно соопштија, во новите епизоди ќе се појават Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, а Ким Катрал нема да биде дел од серијата. Продуцентите открија и дека новата сезона ќе има 10 нови епизоди, а секоја ќе трае по половина час.

Новата сезона е наречена „And just like that…“ , а актерките на своите социјални мрежи веќе го споделија краткиот тизер трејлер од новите епизоди. Сара Џесика Паркер покрај видеото напиша:
„Не можев а да не се запрашам, каде ли се сега?“

Од продукцијата најавија дека оваа сеозна ќе го следи животот на три 50-годишни жени во Њујорк, односно нивните врски, пријателства, кариера….

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот