ВИДЕО: Новогодишно шоу на Џејмс

Леброн Џејмс го предводеше ЛА Лејкерс до победа над Портланд/ фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ЛА Лејкерс (18-19) го деморилаше Портланд (13-22) со 139:106 благодарение на олдичната партија на Леброн Џејмс. „Кралот“ натпреварот го заврши со 43 поени и 14 скокови, а одлична помош имаше од Расел Вестбрук кој оствари трипл-дабл од 15 поени, 13 скокови и 12 асистенции како и од Малик Монк кој даде 18 поени. Кај Портланд се истакна Бен Меклемор со 28 поени.

Атланта хоукс (16-19) успеа да надомести негатива од 16 поени и на крајот да го победи Кливленд (20-16) со 121:118. Тре Јанг со 35 поени и 13 асистенции беше најдобар кај Атланта, Клинт Капела имаше дабл-дабл од 18 поени и 23 скокови, додека кај Кливленд се истакна Кевин лав со 34 поени и 11 скокови.


Џими Батлер со 37 постигнати поени го предводеше Мајами хит (23-13) во победата од 120:110 над Хјустон (10-26).

Бекот на Мемфис гризлис (23-14) Џа Морант трет натпревар по ред постигнува 30 или повеќе поени и му ја донесе четвртата победа по ред на својот тим. Овој пат Мемфис со 118:105 беше поуспешен од Сан Антонио (14-20).


Резултати:
Бостон – Феникс 123:108
Индијана – Чикаго 106:108
Сакраменто – Далас 96:112
Хјустон – Мајами 110:120
Кливленд – Атланта 118:121
Торонто – ЛА Клиперс 116:108
Мемфис – Сан Антонио 118:105
Оклахома – Њујорк 95:80
Јута – Минесота 120:108
ЛА Лејкерс – Портланд 139:106

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот