ВИДЕО: На Нетфликс пристигнува серијата „ 42 Days of Darkness“, инспирирана од вистински настан

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Криминалистичката серија „42 Days of Darkness“ (42 дена темнина) пристигнува на Нетфликс на 11 мај, а нејзината приказна е инспирирана од вистински настан. Во серијата се раскажува за една жена која исчезнува, а нејзината сестра ја започнува потрагата по неа.

„Жената води избезумена потрага по својата исчезната сестра во еден чилеански град и покрај медиумската бука и полициската истрага. Инспирирана од вистински случај“, се вели во описот на серијата.

Вероника Монтес исчезнува од својот дом без никаква трага. Нејзината сестра Сесилија и адвокатот Виктор Пизаро тргнуваат во потрага по неа. Тие се соочуваат со негрижа на институциите, со предрасудите на општеството и со малтретирањето од медиумите и прават сè за вистината да излезе на виделина.

Сесилија, поради овие проблеми, изразува недоверба во системот и сама се доведува до очај во кој се обидува да сфати што всушност се случило и кој стои зад сето тоа.

Локацијата на снимањето е во Чиле, а јазикот на серијата е шпански. Серијата е снимена според новинарска приказна во која новинарот Родриго Флукса се обидува да го реконструира случајот. Во својата книга тој истражува низа киднапирања на жени кои со години се случуваат во Латинска Америка.

Зад оваа серија стојат режисерите Клаудија Хуаикимила и Гаспар Антила, а главните ликови се Нестор Кантиљана, Ампаро Ногуера и Јулија Луберт.

Погледнете го трејлерот…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот