ВИДЕО | На Нетфликс пристигнува новата серија „Resident Evil“, погледнете го трејлерот

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Серијата „Resident Evil“ пристигнува на Нетфликс оваа година во јули. Пред неколку дена е објавена првата најава на серијата и досега е прегледана повеќе од 1,8 милиони пати.

„Во мирниот „New Raccoon City“ никогаш немало многу случувања. Легендарната франшиза „Resident Evil“ својата битка за опстанок ќе ја претстави на Нетфликс на 14 јули“, се вели во најавата.

Во најавата се прикажува дека приказната ќе биде поделена на два дела – едниот е сместен во 2022-та година, а другиот во Лондон во 2036-та година.

Серијата ќе го истражува мрачното внатрешно делување на корпорацијата „Umbrella“ и новиот светски поредок предизвикан од појавата на Т-вирусот.

„Resident Evil“ ќе биде серија која се темели на истоимената игра. Франшизата досега извади бројни продолженија на видеоигрите, романите и популарната филмска франшиза. Во јули минатата година беше објавена анимираната серија „Resident Evil: Infinite Darkness“.

За новата серија Нетфликс не се огласуваше премногу. Во август 2020 година тие ја објавија насловната страница од сценариото на кое се гледа дека првата епизода се вика „Добредојдовте во „New Raccoon City“. Тогаш напишаа и дека во првата сезона ќе има осум епизоди во траење од по еден час и дека серијата ја води Андру Даб, а Бронвен Хјуз ќе ги режира првите две епизоди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот