ВИДЕО | Мерилин Монро ја бараше вистината до нејзината смрт: После 60 години откриена тајната

Мерилин Монро/Фото: Инстаграм

Филмската икона Мерилин Монро и денес предизвикува голем интерес во јавноста иако поминаа речиси шеесет години од нејзината смрт. Наскоро излегува уште еден документарец за оваа актерка, чиј живот го помина низ скандали, а во кој за првпат се прикажува дека Монро се обидела да го открие идентитетот на својот биолошки татко пред смртта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)


Покрај незаменливиот сексипил, Монро била позната по своите комичарски вештини, па така станала една од најголемите филмски ѕвезди од 1950-те и раните 1960-ти, како и културна и модна икона. Пред крајот на кариерата се свртела кон посериозни улоги, меѓутоа, тогаш се соочувала со големо разочарување во кариерата и личниот живот. Нејзината смрт беше предмет на разни шпекулации и теории на заговор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)


Инаку поп иконата е родена како Норма Џин Бејкер, а пораснала во згрижувачко семејство додека нејзината мајка тешко составувала крај со крај. Документарецот под називот „Нејзината последна тајна“ детално ја опишува нејзината очајничка потрага по нејзиниот татко и во еден момент ги прикажува резултатите од ДНК тестот.

Многу биографи веруваат дека биолошкиот татко на Мерилин Монро бил Чарлс Стенли Гифорд, продавач во филмското студио „RKO Pictures“ каде нејзината мајка Гледис работела како монтажерка. Другиот сопруг на Гледис, Мартин Едвард Мортенсон, сепак, е наведен во родниот лист на Норма Џин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)


Режисерот на филмот Франсоа Помес сега објави дека ја откриле семејната тајна. Продуцентите тестирале прамен од косата на Мерлин, кој го земала личноста која ја балзамирала во 1962 година, за да ја извлече нејзината ДНК, а потоа го споредиле со примерок од плунката на правнукот на нејзиниот наводен татко Чарлс Стенли Гифорд.

Документарецот својата премиера би требало да ја има во јуни оваа година на стриминг платформата Нетфликс. Неговиот наслов е „The Mystery of Marilyn Monroe: The Unheard Tape”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)


Досега се направени повеќе од десетина филмови, документарци и видео клипови за животот на легендарната поп икона која станала инспирација на многу ѕвезди од денешницата, од Мадона до Лејди Гага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот